Светската федерација за глуви со задоволство гледа дека пристапот до важни брифинзи за јавно здравство од страна на владини претставници сега стануваат достапни на националните знаковни јазици во многу земји низ целиот свет.
-Идентификувавме повеќе од 80 земји со толкување на знаковниот јазик на конференциите за вести поврзани со пандемијата COVID-19, велат од таму, а една од земјите е и Македонија.