Денеска ќе ве запознаеме со Христијан Прентоски – најзгодниот ерген од Струга по кој лудуваат девојките
Христијан е роден на 26ти ноември 1996 година во Струга, но уште при првите средношколски денови во гимназијата „Др. Ибрахим Темо“ успева да го привлече вниманието на понежниот пол, а имал можност и да учествува во престижен моден настан.
Имено, ова момче својата фитнес приказна ја започнува уште од 15 години кога почнува активно да вежба и да се грижи за своето тело, а тоа му носи голема популарност кај тинејџерите. Подоцна во 2015 година започнал со часови во БАХ – најпрестижното студио за танц во земјава и веќе наредната година, станува дел од главните актери на „Модниот ден“ во Струга.
За главниот инструктор и сопственик на студиото „Бах“ вели:
– Тања е супер личност, строго професионална и навистина е чест да се работи со неа. Благодарен сум што можев да учам од најдобрите и со тоа сум горд, вели Христијан.
Меѓу фитнес натпреварите, може да се пофали како еден од најмладите што успеале да освојат двапати трето место на државниот куп за бодибилдинг.
Неговото живот мото гласи „Никогаш не се откажувај, колку и да е тешко и зад облаците небото е секогаш сино“. Кај девојките сака природен изглед, но важно му е да се фит.
View this post on Instagram
Извор: Идол.мк