25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

За Велигден четиридневен полициски час?

На Велики четврток – 16-ти април, во 16 часот би започнал полицискиот час, а би завршил дури следната седмица во вторник, 21 април во 5 часот.

Ова би бил четиридневен полициски час.

Ваков предлог разгледуваат институциите, кој се очекува следните денови да биде предложен и до Владата.

Овој период многумина го коментираат како критичен за коронавирусот, со оглед дека верниците масовно се собираат во црквите. Во многу земји, каде се слави католичкиот Велигден, кој се паѓа оваа недела нема да има литургии во црквите, а граѓаните ќе го одбележат најголемиот христијански ден во своите домови, така ќе биде и во Македонија.

Познавачите велат дека актуелните мерки на Владата носат резултати, па токму поради ова најверојатно Македонија нема изненадувачки раст на заразени со коронавирус, а како една од главните причини се строгите рестриктивни мерки кои во Македонија започнаа да се применуваат уште пред да бидат заразени првите десетина лица, додека вакви мерки во другите земји почнаа да се применуваат дури откако бројот на зарезни се мереше со стотици или илјадници.

 

 

 

Многу маркети веќе најавија достава до дома за првиот 48 часовен полициски час

Маркети и аптеки направија договори со такси компании или организираа свои вработени, кои ќе им бидат достапни на граѓаните за онлајн или телефонски нарачки, при што сите потреби на граѓаните ќе бидат задоволени во текот на претстојниот 48 часовен карантин односно полициски час кој ќе започне во петок на 10 април во 16 часот, а ќе заврши во понеделник на 19-ти април 2020 во 5 часот наутро.

 

Македонија меѓу земјите од регионот кои најдобро се справуваат со коронавирусот

Македонија според официјалните статистики на СЗО меѓу земјите кои најдобро се справуваат со коронавирусот во регионот и е втора земја по број на направени тестови на милион жители меѓу нашите соседи. Во Македонија заклучно со 9 април, направени се 6.571 тестови, односно 3.154 на 1 милион жители, а регистрирани се 663 заразени и 30 починати од коронавирус.

Пред нас во регионот е само Грција каде се направени направени 3.227  на 1 милион жители, односно тестирани се вкупно 33.644 лица. Таму се регистрирани 1.955 заразени и 269 жртви од коронавирус.

Бугарија се направени 2.288 тестови на 1 милион жители. Таму вкупно се направени 15.899 тестови, а досега се регистрирани само 618 лица како заразени од коронавирус, а починале 48 луѓе.

Србија пак има регистрирани 2.867 заразени и 66 починати, а таму се направени 12.347 тестови, односно 1.413 тестови на 1 милион жители.

Во Албанија има регистрирани се 409 заразени и 23 жртви,а се  направени 3223 тестови, односно 1.120 тестови на 1 милион жители.