25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Ѓорче Петров реагира на пресот на Стојаноски: Нема никакви нови привремени вработувања во општината

-Пандемијата со Ковид-19 го сплоти целот свет во задничка битка против вирусот и зачувување на човештвото. За жал, ова сериозна ситуација, единствено ВМРО-ДПМНЕ ја користи за нижење на ситно политички поени и поделба на општеството. Очигледно, политичкото профитерство било и ќе остане синоним за ВМРО-ДПМНЕ. Кандидидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски и во време на најсериозниот предизвик пред кој е исправен светот-пандемијата со Ковид-19, води политичка кампања кога на народот единствено важно им е како да се преброди оваа криза, реагираат од Општина Ѓорче Петров на прес конференцијата на Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров-ВМРО-ДПМНЕ.

„Благодарејќи на претходната локална власт, општина Ѓорче Петров е една од најсиромашните општини во земјава, со испразнета каса и долгови. Но, и покрај се, општината успешно менаџира со ресурсите кои и се на располагање. Правовремено и континуирано се дезинфицираат улиците, училиштата и градинките, јавните површини, местата каде што се даваат административни улуги, влезовите на зградите. Заедно со Црвениот крст и нивните мобилни тимови излегуваме во пресрет на болните, изнемоштени и социјално ранливи категории, дистрибуирајќи им намирници до дома.

Ова се нарекува домаќинско и бескомпромисно работење.

Пред да излезе на прес-конференција, Бојан Стојаноски најпрво треба да ги провери информациите кои му ги обезбедува неефикасната административна мрежа инфилтирана во изминатата декада, чија цел беше пред се да работат за партијата, а не за државата и граѓаните.

Договорот за привремени вработувања се уште не е потпишан од избраната агенција и не е јавно достапен на електронскиот систем за јавни набавки. Не станува збор за никакви нови привремени вработувања.

Огласот за Јавна набавка е објавен на 31 јануари 2020 година во ЕСЈН, поради тоа што годишниот договор истекува на 31 март 2020 година. Новиот договор ќе биде исто така годишен и служи месечно да им се исплаќаат надоместоци на веќе ангажираните привремно вработени лица.

Апсолтно не станува збор дека општината ќе исплати некому во овој момент 10.999.960 денари за привремени вработувања!

Доколку опозицијата сака да помогне во справување со пандемијата со Ковид -19, единствено што треба е навистина да има волја тоа да го стори. Да се бори со новоннастанатата ситуација, а да не го шири вирусот на лажни вести и дезинформации.“ – се вели во реакцијата.