25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со очајни обиди за профитирање, да се откажат од парите од Буџетот“

-И во време кога државата и граѓаните се соочуваат со здравствена и економска криза, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат единствено за личните и партиските интереси, соопшти СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не се откажуваат од средствата од Буџетот што им припаѓаат преку Законот за финансирање на политички партии.

Одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од финансирањето од државата уште еднаш покажа дека за нив не е важно здравјето за граѓаните, не е важно надминувањето на економската криза. Единствено што им е важно е касата во белиот дворец да биде полна.

Нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна повикуваат на штедење а од друга страна не се откажуваат парите од државата да се пренаменат за помош на здравството, за помош на работниците од економската криза.

СДСМ повика и повикува, сите партии да се откажат од финансирањето од Буџетот предвидено за оваа година, а парите да се префлрат во фондот за справување со кризата. Станува збор за значителни средства кои ќе помогнат во справубвање со економските последици од коронакирзата.

Ова е време кога е потребна солидарност и меѓусебно помагање, вредности кои и во ваква криза остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.“ – се вели во соопштението.