-Успешните политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев за само 2,5 години добија конкретна потврда, Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО, Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ, соопшти СДСМ.
„И во овие тешки времиња, кога светот се соочува со пандемија од невидени размери, успеавме да ги оствариме децениските стратешки цели на државата, станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ, добивме признание за истрајноста, спроведените реформи, капацитетите и политичката волја на нашите институции.
Политиките на СДСМ ја обезбедија иднината на нашата држава. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции.
Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.
Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел.
Сега солидарни и сплотени ќе се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда.“ – се вели во соопштението.