25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска најави истрага поради реакции за начинот на извршување на полицајците кои го обезбедувале превозот на евакуарините граѓани

Фејсбук статус на дополнителната министерка Славјанка Петровска:

Почитувани граѓани со внимание ги следев реакциите на социјалните мрежи поврзани со начинот на извршување на задачите на полициските службеници ангажирани при обезбедување на превозот на македонските граѓани до објектите кои се одредени за карантин.

Ве информирам дека во Министерството за внатрешни работи отпочната е постапка за утврдување на одговорност за начинот на кој полицијата постапила. За да воспоставиме ред, прво мора да го имаме во сопствените редови и затоа нема да толерирам непрофесионално и своеволно однесување.