По станувањето на членка на НАТО која денеска и се официјализираше, добивањето на одлука за почеток за преговори со ЕУ после 15 години чекање е сериозен успех бидејќи го завршуваме конечно тој период од 15 години чекање, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на емизијата 360 степени на ТВ Алсат
Заев посочи дека одлуката е многу важна, а добивме и максимум односно таа е безусловна и самата одлука содржи опис за подготвување на целиот процес до оддржувањето на меѓувладината конференција и се напоменува логично најбрзо време, бидејќи никој не може да предвиди кога, последен пат беше споменат јуни, но тоа не може сега да се утврди.
Претседателот Заев истакна дека најважно во моментов е да се справиме со коронакризата, но за тоа време Република Северна Македонија не треба да бега од своите обврски, а воедно и нашите соседи кои имаат обврски по договорите кои сме ги склучиле со цел градење на стратешкото партнерство.
Граѓаните самите се уверија што постигна СДСМ за само 2.5 години, се исполнија две стратешки цели на државата, членството во НАТО и добивањето на позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ. Значајно е да се потенцира дека тој капацитет на одговорност и сериозност веќе го има и треба да продолжи, заклучи Заев.