Додека целиот свет се соочува со пандемија од коронавирусот, се заканува сериозна економска криза која ќе ги погоди сите држави. Затоа, СДСМ и претседателот Зоран Заев објавија пакет мерки кои имаат за цел да ги ублажат последиците врз економијата, граѓаните и стопанството. Сите предложени мерки се на здрава основа, со финансиски план за нивна реализација, во вкупна вредност од околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството, соопшто СДСМ.
„СДСМ предлага обезбедување на минимална плата од 14.500 денри за април и мај, од страна на државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата.
При тоа, фирмите треба сами да си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок, а оваа мерка ќе можат да ја користат сите фирми кои нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега, за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година,потоа,нема да се пресметува помошта за бројот на вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари а сите под таа плата ќе спаѓаат во пресметката за помошта и фирмите кои ќе аплицираат мораат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата.
Целта е да нема отпуштање на вработени како и сочувување на стабилноста на фирмите. За оваа мерка државата ќе одвои околу 120 милиони евра.
Потоа, како втора мерка СДСМ предлага, месечна плата и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот.
Следна мерка е и исплата од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.
Ќе им се помогне и на медиумите, спортските клубови и слободните уметници
За сите информативни дејности, медиумски куќи, Владата ќе обезбеди помош, по една минимална плата од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај.
Помош има и за спортистите и за 141 регистриран слободен уметник со минимална плата од 14.500 денари за април и мај.
Овој пакет мерки е насочен кон граѓаните, кон работниците, кон сите граѓани кои чесно си ја заработуваат платата, а сега поради големата неочекувана здравствена криза се наоѓааат пред неизвесност за својата егзистенција.
СДСМ и претседателот Зоран Заев остануваат посветени на принципите на солидарност и меѓусебно помагање. Токму тие принципи ќе имаат клучна улога во справувањето со последиците од економската криза.“ – се вели во соопштението.