7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Дебар и Центар Жупа се почитуваат мерките на Владата

Изминатово деноноќие, безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди. На терен, полициските службеници преземаат најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките на Владата и заштита на граѓаните и спречување на ширење на коронавирусот.

Непречено се реализираат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сите мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК