25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
МАКЕДОНИЈА

Директорот на ФИТР половина од платата ќе ја донира во солидарниот фонд за помош за вработените и фирмите

– Денес, сакам и јас да го дадам својот личен граѓански придонес во рамки на #ПридонесиИти. Половина од мојата плата ја ставам на располагање за формирање на Солидарен фонд кој ќе има за цел да им помогне на вработените во домашните фирми, пред се микро и мали, за да ги ублажат последиците од оваа криза.

Апелирам до други поединци и мои колеги кои се надевам ќе се приклучат со придонес во рамки на своите можности кон оваа или други иницијативи.

Благодарам, исто така, на компаниите од семејството на Фонд за иновации и технолошки развој за досега покажаната висока свест и општествена одговорност преку нивно приклучување на апелот на #ФИТР, соопшти Јован Деспотовски, директор на ФИТР.