Министерот за здравство Венко Филипче објави фотографија со медицинскиот персонал од Институтот за јавно здравје и уште еднаш им порача на граѓаните да останат во своите домови.
„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, напиша Филипче.