25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Привремено поради коронавирусот прекин на работата во најголемата инвестиција

Вработените во најголемата компанија во Македонија, Кромберг и Шуберт ќе одат на колективен одмор најмалку 14 дена, поради откажаните нарачки од клиентите во Германија и Шпанија поради состојбата со коронавирусот, затоа што компанијата од утре времено запира со работа.

„Производството целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде што се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука. Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука. Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија“, рекле од компанијата од која живеат 6.000 семејства во Преспанско-пелагонискиот регион.