25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Економијата ќе има последици, но буџетот е издржлив, може да ја издржиме оваа криза

Логично е дека економијата ќе има последици и тоа големи последици. Колку сме посвесни и потрезвени, толку побрзо ќе се снајдеме. Ова се првични мерки и се само најавени мерки. Државата е свесна дека помагајќи во бизнисот си помагаме и себеси, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата Клик Плус.

„Верувам дека преку одговорно однесување на сите, ќе излеземе победници. Буџетот пред кризата беше ликвиден и стабилен. Растот беше солиден и буџетот беше издржлив, за да можеме да ја издржиме кризата. Ако сите сфатиме колку се можностите, верувам дека ќе успееме успешно да се справиме со коризата“, рече Заев.

Тој посочи дека треба брзо да се дејствува зошто и бизнис секторот и коморите очекуваат брзо дејствување.

„Јас немам никакви предрасуди, нека се вградат сите стручни експерти, без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ или дури лица, ниту пак е тајна трошењето. Ќе ги земеме парите кои сите ќе ги враќаме, а ќе помагаме заеднички и на бизнисите и на граѓаните. Треба заедно, рамо до рамо, без политички калкулации да помагаме на нашето стопанство. Првите мерки ги испорачавме, тие ќе дадат резултати“, посочи Заев.