23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бектеши: Времено ќе забраниме извоз на брашно

„Времена забрана за извоз на брашно кон трети земји, формирање на Фонд за туризам за поддршка на туристичкото стопанство, барање до ЗАМП за стави мирувањата побарувањата од рестораните и хотелите се дел од мерките на Министерството за економија за ублажување на последиците од вирусот Ковид 19. На почетокот на неделата Владата донесе одлука да ги замрзне цените на основните прехранбени производи со цел да не дојде до ценовни шокови.

„На седницата на Владата која што се одржа во понеделникот донесовме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони сретства со состојба на денот на прогласување на пандемијата на СЗО, освен оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури. Изминатите денови сите бевме сведоци на зголемената побарувачка кај граѓаните кои од стравување дека ќе се зголемат цените на основните производи купуваа во големи количини. За да не дојде до зголемување на цените под притисок на побарувачката и како резултат на мерките за заштита на пазарот на соседните земји веднаш решивме да ја донесеме оваа одлука. Сакам да ги уверам граѓаните во консултација со најголемите супермаркети и дистрибутери на храна и основни производи дека дека имаме доволно залихи, но решивме да реагираме превентивно за да не дојде до поголеми ценовни шокови, истакна министерот Бектеши на промовирањето на економските мерки за справување со коронавирусот денеска во Владата.

Министерот потенцираше дека во насока на заштита на граѓаните од зголемување на цените на храната, Министерството за економија предложи забрана за извоз на брашно од пченица кон сите земји на неограничено време.

„Во моментов заедно со Министерството со земјоделство и Царинската управа ги преземаме сите неопходни мерки и активности се со цел да ја спроведеме оваа мерка.Северна Македонија е увозно зависна земја, посебно во делот на брашно и пченица. Оваа мерка ја донесовме со цел да ги заштитиме домашните производители на брашно, но и да не дојде до покачување на цената на лебот доколку оваа ситуација со Коронавирусот се пролонгира. Во исто време сакам да информирам дека Царинската управа заедно со Министерството за земјоделство го следи и трендот на извоз на рафинирано сончогледово масло за јадење, ориз, кондиторски и пекарски производи (тестенини, бисквити и слично) а како Влада донесовме и препорака за мелничко –пекарската индустрија да ја има во предвид и безцаринската квора за увоз на пченица од земјите членки на СТО во количина од 80.000 тони“, потенцираше министерот.

Министерот кажа дека Министерството за економија ќе достави до Владата и предлог за 100 процентно ослободување од царинските давачки за производите од брашно, масло сончогледово, бел шеќер, сапуни, детергенти, облека и прибор за облека, пелени за деца и возрасни и марамчиња, рачни капи во ролни, маски пластични со текстилен филтер, прекривки текстилни за хируршка употреба, одело хируршко од хартија, маски хартиени, одело заштитно гумено, ракавици гумени, хируршки и останати средства за дезинфекција, медицински алкохол, заштитни наочари.

„На најголем удар е туристичкиот сектор поради откажани аранжмани и тури од страна на граѓаните поради затварање на границите, но и поради откажување на летовите од страна на авио-компаниите. Како резултат на барањата на туристичките комори предвидовме и мерки за поддршка на туристичкиот сектор. Во овој сектор има околу 70 илјади вработени кои се на удар од последиците на Коронавирусот“ кажа Бектеши и додаде дека Министерството за економија предлага сите средства кои се предвидени за развој, промоција и поддршка на туризмот да се пренаменат во Фонд за туризам со цел да се обештети туристичкото стопанство да ја пребродат кризата во согласност со бројот на вработени.

„Овој Фонд за туризам во моментов проценува на околу 74 милиони денари од кои 44 милиони денари се во рамки на програмите на Министерството за економија кои нема да бидат искористени, а 30 милииони денари се од Агенцијата за промоција и поддршка на туризамот. Исто така како мерка предлагаме и ќе побараме од ЗАМП-Здружение за заштита на авторски и музички права да ги стават своите побарувања од хотелите и рестораните во мирување во период од шест месеци. Сите угостителски објекти сезадолжени да платат паушал во зависност од капацитетот на угостителскиот објект, а имајќи во оредвид дека Владата забрани работа на ресторани, кафулиња и други услужни објекти, сметаме дека побарувањата од ЗАМП треба да се стават во мирување“, кажа министерот.

Овие мерки се само почеток. Сакам да потенцирам дека Министерството за економија секој ден претпазливо ја следи состојбата на терен и дека штом има потреба ќе бидат донесени дополнителни мерки со кој ќе се заштити економијата, а со тоа и граѓаните, додаде тој.