Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поддршка од Холандија за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера во вечерните часови телефонски разговараше со холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок во пресрет на Советот за општи работи на ЕУ, којшто е предвиден да се одржи на 24 март, а на кој ќе се разгледува донесување на одлуката за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Блок го информираше Димитров дека во писмото до холандскиот парламент, холандската влада ги споделува наодите на Европската комисија дека Владата продолжи да испорачува опипливи и одржливи резултати во однос на условите поставени од Советот на ЕУ во јуни 2018 година.

Блок уште еднаш истакнал дека Холандија смета оти Северна Македонија треба безусловно да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, односно дека по донесувањето на Законот за јавно обвинителство не постојат никакви пречки за почеток на преговорите.

Димитров од своја страна ја реафирмираше заложбата на нашата земја за продолжување на зацртаниот реформски пат во однос на евроинтеграциите, а беа разменети и информации и за мерките против коронавирусот и ситуацијата на границите низ Европа.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.