23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мираковска: Здрaвјето на граѓаните е на прво место и така ќе постапуваме

Одговор на новинарски прашања, Соња Мираковска од коалицијата „Можеме“ – интегралент текст

,,Состојбата интензивно се следи и од страна на институциите, но и од страна на партиите”, рече Соња Мираковска одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

,,Во овој момент не може да се донесе одлука дали изборите ќе бидат одложени. Ќе ги следиме и координациите на експертите и нивните одлуки, но во овој момент не сме во состојба да донесеме одлука за одлагање на изборите.

Врз основа на нивните согледување тоа ќе го направиме заедно. Здравјето на граѓаните е на прво место и така ќе постапуваме.

Дневно се менуваат работите. До вчера беше договорено до 22-ри да бидат замрзнати на терен сите активности, а до 22-ри сите лидери на политичките партии заедно да донесат одлука, но тоа не мора да значи дека одлуката не може да се донесе порано, ако има потреба за тоа.

Коалицијата ,,Можеме”, сите политички партии кои се дел од коалицијата ги одложија своите активности на терен и будно ја следиме ситуацијата и така ќе се однесуваме. Прес-конференциите се одвиваат во оваа просторија во која е извршена дезинфекција и во која на соодветно растојание се наоѓате сите во просторијата.

Дел од новинарите и новинарските екипи ги преземаат материјалите од директниот видео пренос и своите прашања ги поставуваат на мејл. Максимално се залагаме да бидат заштитени сите кои ќе влезат во оваа просторија каде држиме прес конференција”, заокружи Мираковска.

.