Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата“

ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престане да лови партиски поени кревајќи хистерија во време кога сите институции и сите граѓани се фокусирани на справување со коронавирусот, соопшти СДСМ.

„Владата заседава постојано и активно реагира, исто така и највисокото координативно тело кое го предводи премиерот.

За потсетување, и во Владата и во координативното тело, свој претставник има и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа не било кој туку министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Сѐ што има ВМРО-ДПМНЕ да предложи како мерки имаат можност секој ден да го направат преку нивниот министер и сите совети да ги дадат до институциите преку нивниот претставник.

Владата предводена од СДСМ, јавноста, имаат целосен фокус на здравјето, а не на нивните партиски хистерични напади.

Апелираме од белиот дворец да престанат со бркање ситни политички поени,затоа што освен што е неодговорно, во овој случај е и целосно на нивна штета.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК