24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

“Твоја партија”: Изборите да се одложат, во спротивно ќе бараме кривична одговорност!

Од “Твоја партија” велат дека изборите закажано за 12 април треба да се одложат, поради ситуацијата со корона вирусот.

-Твоја партија останува на својот претходно изнесен став и смета дека веднаш треба да бидат одложени изборите закажани за 12.04.2020 година и да прекинат сите активности поврзани со овие избори (формирање и обука на избирачки одбори, дистрибуција на материјал, предизборни и изборни активности на партиите).

Во исклучително сериозна ситуација, препознаена и на меѓународно и на национално ниво, треба да се направи сè што е можно за да се намали можноста за ширење на вирусот, да се заштити населението и да се обединат сите капацитети во соодветен за справување со кризата.
Продолжувањето на изборните активности е во директна спротивност со мерките на безбедност, кои веќе се спроведуваат во државата, и се заканува да ги дезавуира и да создаде услови за ширење на вирусот, коешто ќе значи голем степен на загрозување на здравјето и животот на голем број граѓани.

Посебен аспект претставува можноста за ограничување на правото на избор на дел од граѓаните кои ќе се најдат во самоизолација или во карантин (било да станува збор за индивидуален или колективен карантин на одделни подрачја или населени места).
Поради сето ова бараме од актуелната владеjачка структура и надлежните органи да ги одложат изборите сè до моментот на нормализација на состојбата.

Доколку ова не биде направено Твоја партија не гледа место за себе во вакви услови да учествува на изборите и уште повеќе, гледа место за поведување постапки за кривична одговорност врз основа на истите членови од законите кои беа посочени од самата Влада, велат од партијата.