Шилегов ја повика МВР да постапи согласно препораките на Владата на РСМ.
Откако на социјалните мрежи се појави фалисификуван документ „потпишан“ од градоначалникот Петре Шилегов во кои се препорачува дека треба да се пие ракија против коронавирусот, Шилегов ја повика МВР да постапи.
-Идиотизмот на примитивците со промашени животи нема крај. МВР, за фалсификатов и ширењето на лажни вести, да си постапи согласно препораките на Владата на РСМ. Политикантството и обидите за добивање на ефтини политички поени е нешто што не смее да се дозволи.
Апелирам до сите, да не си играат со чуствата на граѓаните. За животи и здравје на нашите (Вашите) најблиски се работи. Да го сопреме лудилото заедно.
П.С. Јас, немам проблем со Вас, бедници. Очигледно, Вие имате проблем со мене. И планирам уште долго да го имате. Само продолжете. Вашите несреќни животи ќе останат со Вас. Не со мене !!!
https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3184304661794110