9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Илон Маск испраќа тројца туристи на Меѓународната вселенска станица следната година, пакет-аранжманот чини 55 милиони долари

„Спејс екс“ ќе испрати тројца туристи на 10-дневно патување до Меѓународната вселенска станица некаде кон крајот на 2021 година. Притоа ќе ја користат ракетата „Фалкон 9“ и своето ново свемирско летало „Кру драгон“. Ова е втора голема најава на програмата на вселенскиот туризам оваа година.

Седум цивили веќе престојуваа во Меѓународната вселенска станица, еден од нив таму беше двапати, но оваа мисија ќе биде првото целосно приватно патување на ISS.

Вселенските туристи ќе поминат вкупно два дена на пат кон станицата и назад, а таму ќе поминат осум дена, делејќи го просторот со астронаутите кои работат таму. Пакет-аранжманот ќе чини околу 55 милиони долари, а едно место веќе е резервирано, пренесува „Њујорк тајмс“./Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

C +

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

C +

Тимот на Албанката, Мира Мурати, не подлегнал на понудата на Цукерберг – борба за ѕвездите на вештачката интелигенција

C +