КОГА НУЛТАТА ТОЛЕРАНЦИЈА ВСУШНОСТ НЕ ДАВА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
АЛЕКСАНДАР ЈАКОВЉЕВИЌ
Генерален директор на компанијата Филип Морис за југоисточна Европа
СО НАУКА ПРОТИВ ПРЕДРАСУДИTE
Истражувањето спроведено во Србија покажа дека 6 од 10 испитаници погрешно веруваат дека никотинот е примарен причинител на болестите поврзани со пушењето. Оваа супстанца предизвикува зависност, но главен виновник за „пушачките“ болести е тутунскиот чад и штетните материи кои настануваат со согорување на тутунот. Токму затоа компанијата Филип Морис се одлучи за прагматично решение – елиминирање на согорувањето со што се елиминира тутунскиот чад и се намалува штетноста од консумирањето тутун
Неодамна прочитав приказна за млад Кинез кој влегол во метро во Париз, каде постара госпоѓа исплашено го погледнала и прокоментирала „Готово е, сега сите ќе се заразиме“ на што тој одговорил: „Госпоѓо, јас Кина ја имам видено само на YouTube!“. Оваа актуелна ситуација со корона вирусот во која се бега од секој човек кој живее или е со потекло е од Далечниот исток, ме потсети на предрасудите со кои се среќаваме ние кои се залагаме за концепт за „намалување на штетата“ од пушењето, а кои потекнуваат од неточната информација дека сите алтернативни производи се лоши колку и цигарите. Со тоа само се збунуваат пушачите, се одвраќаат од преминување на докажано помалку штетни опции и се враќаат на цигарите како убедливо најлош избор.
За среќа, сé повеќе луѓе денес се подготвени да слушаат. Да ги надминат предрасудите кои се врежани во главите на многу од нас. Клучно е да им се дадат доволно точни информации и да им се препушти самите да одлучат. Ќе се обидам да бидам ,,mythbaster“ за пет најчесто погрешни, а распространети твдења со кои секојдневно се среќаваме.
Пред сé, не само дека не е исправно, туку е и штетно да се поистоветува секој производ кој претставува алтернатива на пушењето, било да се работи за електронски цигари или за уреди кои загреваат тутун, со цигарите. Постојат сериозни научни докази кои потврдуваат дека е неопходно да се прави разлика, бидејќи постојат подобри опции. Најновиот доказ доаѓа од Австралија. Во земјата која спаѓа меѓу најрестриктивните кога е во прашање пушењето и во која цената на цигарите е највисока во светот, донесена е одлука на пушачите да им се овозможи на лекарски рецепт да подигаат течност со никотин за полнење на електронскитре цигари. Одлуката дојде откако Австралиската асоцијација за намалување на штетите од пушењето детално ја анализираше научната документација и потврди дека вајпинг производите се помалку штетни, а истовремено се и ефикасни во одвикнување од пушењето. И IQOS, производот на компанијата Филип Морис кој го загрева тутунот, помина низ ригорозна контрола на Американската агенција за храна и лекови (ФДА) пред оваа институција да ја донесе одлуката за негова комерцијализација, во согласност со принципите на заштита на јавното здравје, бидејќи е потврдено дека емитува помала количина токсини од цигарите. Не треба да се затвораат очите пред обемните студии и анализи кои излегоа од лабораторијата на Филип Морис, ниту пред слични докази до кои дојдоа независни научни институции од споменатите примери, но и од други земји како Германија или Русија. Исто така, не треба дополнително да се заматува водата со постојано враќање на кризата со електронските цигари, бидејќи е докажано дека луѓе во САД се имаат разболено од белодробната болест наречена „евали“ затоа што на црниот пазар во течноста за електронски цигари се додавало масло од канабис и витамин Е. Тоа е кривично дело, а ние зборуваме за контролирани производи и проверени производи. Со ова намерно или ненамерно споредување на неспоредливи работи, дополнително се ускратува на пушачите, кои не сакаат да се откажат од својата навика, правото да знаат дека подобар избор постои.
Понатаму, истражувањето спроведено во Србија покажа дека 6 од 10 испитаници погрешно веруваат дека никотинот е примарен причинител на болести поврзани со пушењето. Оваа супстанца предизвикува зависност, но главен причинител на „пушачките“ болести не е никотинот, туку тутунскиот чад и сите штетни материи кои настануваат со согорување на тутунот. Затоа компанијата Филип Морис се одлучи за прагматично решение – елиминирање на согорувањето со што се елиминира тутунскиот чад и се намалува штетноста од консумирањето тутун.
Никотинот останува бидејќи ако е оваа природна состојка на растението тутун беше толку штетна, немаше никотинските терапии со гуми за џвакање или фластери со никотин, да бидат општо прифатени начини на борба против пушењето кои ги препорачува и Светската здравствена организација. Сепак, Австралиската асоцијација за намалување на штетата од пушењето заклучи дека овие замени за никотин се недоволно ефикасни и затоа на своите лекари им препорача да отидат чекор напред и на пациентите да им препишуваат алтернативи кои всушност го имитираат ритуалот на пушење.
Пристапот „нулта толеранција“ кој со години се промовира како единствен исправен, всушност не дава резултати, барем не очекуваните. Огромен број луѓе се некаде во средина, меѓу „сé или ништо“ бидејќи не се подготвени на живот без никаков ризик, а би сакале да ја намалат штетноста од некои свои навики. Тие луѓе кога не сакаат да се откажат од шеќерот, го заменуваат со стевиа, не се кријат од сонцето туку користат заштитен фактор, не се одрекнуваат од своите автомобили поради опасностите во сообраќајот, туку користат заштитни појаси и АБС систем за кочење. Новите технологии и науката ни ги овозможија овие несовршени, но доволно добри видови заштита кои сите ги признаваат и со причина ги поддржуваат. Пушењето така останува единствена лоша навика при чие елиминирање се оспорува основата на принципот на „намалување на штетата“. Тоа едноставно не е логично, особено кога веќе е јасно дека во споредба со забраните и поскапувањата, оваа мерка дава подобри резултати.
Четврта предрасуда е дека Филип Морис искрено не верува во иднина без тутунски чад, бидејќи и натаму произведува цигари. Со затворање на нашите погони кои произведуваат цигари, само би се покренале погони во некои други легални или нелегални фабрики. Ние би останале без ресурси да вложуваме во иновaции и без можност пушачите кои користат наши производи и немаат намера да престанат, да ги информираме и мотивираме да преминат на тие иновации кои докажано се подобри опции за нивното здравје. Тоа значи дека со нашето престанување со производство на цигари нема да се смени ништо, луѓето би продолжиле да пушат, а проблемот на јавното здравје би останал нерешен. Притоа, ниту во еден момент не ја спориме комерцијалната страна на нашиот бизнис, природно е дека сакаме да останеме една од најголемите компании во светот. Но сигурни сме дека со драстичното свртување кое го имаме направено добивме шанса да помириме три, како што изгледаше до неодамна, непомирливи работи – одржливоста на нашата компанија, потребите на пушачите и јавното здравје.
Една тутунска компанија не смее да има право на глас и да дебатира на темата за решавање на проблемот на пушењетo е последна пречка со која се соочуваме. Не бегаме од тоа дека тутунската индустрија има своја историја и дека со самото тоа да предизвикува сомнеж. Но сакам да нагласам, како прво, дека не се сите тутунски компании исти без оглед што припаѓаат на истата индустрија, а како второ, дека секоја организација има своја историја, но и право да создава нова, подобра, што ние го правиме. Времињата се смениjа и ние работиме на тоа наместо по каубоецот, оваа компанија да биде препознатлива по научниците. Нив 400 денес работат на усовршување и развој не само на IQOS, туку и на нови безчадни производи кои ќе ги заменат цигарите. Многумина од нив пред доаѓање во Филип Морис се занимаваа со лечење на болестите предизвикани со пушењето. Ни се придружија, дојдоа да работат на превенција на тие болести. И многу од нив имаат во договорот клаузула дека никогаш нема да работат со цигари. Тие и резултатите на нивната работа нѝ даваат кредибилитет и право на глас во дијалогот кој треба да го водат регулаторните тела, организациите посветени на заштита на јавното здравје и оној дел на тутунската индустрија кој е поготвен да се посвети на цел за искоренување на цигарите.
Како што ние се трансформиравме од традиционален производител на цигри во медерна, на наука базирана компанија, така очекуваме и критиките кои ни се упатуваат да се трансформираат од негативни во старт, во конструктивни и базирани на факти. Критиките базирани на предрасуди и дезинформации нас и над милијардата пушачи во светот, ќе не оддалечат од решението. Од друга страна, конструктивните критики ќе не придвижат да ги исправаме недостатоците и многу побрзо заедно да успееме да го ,,UNSMOKE“- неме светот. Тоа практично значи дека со здружени сили ќе успееме да ги убедиме непушачите никогаш да не почнат да консумираат ниту цигари, ниту нивна замена, пушачите да престанат да пушат, но и сите оние кои тоа не го прават, да пронајдат меѓу проверените алтернативи, за себе подобро решение од продолжување со пушењето.