Прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ – интегрален текст
Градиме фер и праведна држава која се темели на принципи и вредности и еднаква грижа.
За само две-и-пол години покажавме дека македонското општество и нашите граѓани можат да бидат и солидарни и грижливи и НА ПРАВ ПАТ сме да овозможиме сите наши сограѓани и сограѓанки навистина да имаат еднакви права.
Но, знаеме и убедени сме дека можеме уште повеќе и уште подобро.
Продолжуваме да се грижиме за оние на кои им е потребна помош, за сиромашните, ранливите – продолжуваме да вложуваме во луѓето – а не во спомениците.
Социјалната помош ја зголемивме за 300%, а до крајот на следниот мандат истата ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток.
До 2024 година, со предучилишно образование ќе опфатиме 60% од децата на возраст од 3 до 6 години и тоа покажува дека вложуваме во најмладите, во нивниот развој и во нивното знаење.
Ќе ги ослободиме од плаќање партиципација за градинка сите деца од семејствата со ниски приходи, а на најранливите семејства мораме да им помогнеме, да имаат сигурен дом, свое место каде го развиваат своето семејство.
Затоа, во следниот мандат ќе изградиме 777 социјални станови за најранливите семејства но и за млади брачни парови.
Финансиските средства за преквалификација, тренинг и проактивно едуцирање со цел полесно наоѓање на вработување ќе ги зголемиме за 30%.
Обезбедуваме голема помош и поддршка и за највозрасните наши граѓани.
Ќе отвориме три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип.
Ќе изградиме и 10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини.
Грижата за работниците и унапредувањето на работничките права продолжува.
Следува темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права со целосна реформа на Државниот инспекторат за трудот.
Минималната плата ја качуваме на 18.000 денари до крајот на мандатот, а просечната плата ќе изнесува 36.000 денари, затоа што секој заслужува соодветно да му се цени трудот на работното место.
Политиките на СДСМ и претседателот Заев покажаа што значи вистинска грижа за сите категории граѓани.
Продолжуваме заедно со граѓаните и по победата на 12 април, заедно можеме повеќе и подобро.