СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев изминативе три години донесе тешки, паметни и храбри одлуки за затварање на децениските прашања, со кои се отворија преспективите кон ЕУ и НАТО, соопшти СДСМ.
„Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО Алијансата, најмоќниот сојуз на светот. Македонската армија e дел од најмоќниот безбедносен сојуз, градиме модерна армија, армија на граѓаните.
Тоа не значи само значи безбедност и стабилност за државата, туку и отворање пазар вреден 4 милијарди евра годишно за нашите компании преку членството во НАТО, како и повеќе пари за граѓаните.
Тоа го покажуваат сите економски параметри во последната година и повеќе. Само по добивањето на поканата за членство за НАТО во 2018 година, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со 2017 година.
Невработеноста сега е на рекордни најниски 17 отсто, а платите растат буквално во сите сектори.
Довербата во македонската економија е вратена, а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.
Влеговме во НАТО – можеме и во ЕУ! Сега сме чекор поблиску до преговорите со Унијата и отворање на првите поглавја. Доказ за тоа е последниот Извештај на Европската комисија, кој нотира значаен напредок во сите области: во правосудството, во борбата против корупцијата, во реформата на безбедносните служби и реформата на јавната администрација.
Сторивме се што беше до нас, на ред е ЕУ да ја исправи грешката и да започне преговори за членство.
Подготвени сме за почеток на преговорите. Отварањето на преговорите за нас ќе значи трансформација на целото општество, но и пристап до нови фондови, до повеќе пари за зелена агенда, за енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализација, патишта, водовод, повеќе работни места, повисоки плати за работниците, повеќе профитабилни домашни компании.
Затоа, од европските фондови обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија во годините коишто претстојат пред нас. Тоа се европски пари за европски стандард дома.
Паметните и храбри одлуки на СДСМ и претседателот Заев конечно донесоа предвидливост и победа и за нашата земја и за нашиот народ.
Храбрите политики победуваат и повторно ќе победат на 12 април. Граѓаните ќе дадат масовна поддршка на нашиот концепт кој води со крупни чекор напред кон иднината.“ – се вели во соопштението.