27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притворен албански државјанин за двете торби со марихуана што беа пронајдени кај „Ќафасан“

Против 30-годишен годишен државјанин на Република Албанија поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Kако што информираат од МВР, обезбедени се материјални докази и констатирано е дека пријавениот е инволвиран во случајот на пронајдени 45 килограми марихуана во две торби во близина на Граничниот премин „Ќафасан“ на 11 ноември во 2018 година.

Минатата недела на Граничниот премин „Свети Наум“, осомничениот бил приведен и задржан во полициска станица.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струга на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.