27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Градот Скопје: Викендов помалку возила на Водно, бесплатните автобуси полни

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за паркирање во зеленило и изрекоа вкупно 57 казни за паркирање во зеленило.

Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари, велат од Градот Скопје, викендов бил избегнат метежот од возила, а бесплатните автобуси биле полни.

„Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористија над 4.000 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 376 возила според бројот на испратени СМС пораки. Жичницата работеше со полн капацитет и превезени се околу 3500 патници“, соопштија од Градот Скопје.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.