10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи во работна посета на Австрија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Австрија, каде ќе оствари средба со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

Во рамките на посетата Османи ќе оствари средба и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија.

Во агендата на Османи планирана е и посета на Долниот дом при австрискиот Парламент, каде е предвидена средба и со пратеници – претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на пролетните самити на ЕУ, особено поддршката која Република Австрија ја обезбедува за земјава и регионот.

Посетата на Виена на вицепремиерот Османи е дел од засилена дипломатска и државна активност, во пресрет на пролетните самити на Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +