-Исплашени од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по налог од Будимпешта маршираат за неправда, реагираат од СДСМ на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО- ДПМНЕ.
„Очигледна е ескалацијата на стравот и паниката од одговорност во ВМРО-ДПМНЕ. Од белиот дворец, симболот на корупцијата денеска уште еднаш потврдија дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, извршителот на Груевски остануваат во истата режимска матрица, чија единствена грижа е заштита на криминалот, заштита на криминалците и некаков очајнички обид за спас со протест за неправда.
Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство.
Налогот на шефот Груевски стигна од Будимпешта, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тргнуваат на марш за неправда.
Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.
Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.
Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки. Сите ќе одговараат пред правдата и Мицкоски не може ништо да стори околу тоа.
СДСМ како одговорна и демократска партија преку Законот за јавно обвинителство овозможува ослободување на правосудството и создава услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.
Граѓаните го гледаат тоа и на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.