27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Бен Афлек се обидувал болката да ја удави во алкохол

Актерот реши да проговори за меѓусебните односи со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

Во интервју за „Екстра“, 47-годишниот актер кој во моментов го промовира својот филм за излечен кошаркарски тренер алкохоличар The Way Back („Патот назад“) се присети како им кажал на своите деца дека тој и Џенифер се разведуваат.

Осврнувајќи се на претходно интервју, каде тој посочил дека разделбата е причина за неговиот проблем со пиење, Афлек појаснува „Доаѓа моментот кога на вашите деца мора да им кажете: Ние се разделуваме. И ова го разнишува нивниот свет – беше многу болно.“

Поранешната двојка, која се раздели во 2015 година, делат деца Вајолет (14), Серафина (11) и Семјуел (7). И покрај разделбата, Афлек и Гарнер останаа блиски пријатели во заедничкото родителство на своите деца.

Афлек ја пофали поранешната сопруга за помошта во текот на целиот процес.

„Џен е одлична мајка, таа многу соработува во заедничкото старателство. Двајцата сме свесни дека најважно за разведени родители е нивните деца да видат дека тие се почитуваат меѓусебно. Можете многу да научите за карактерот на еден човек од начинот на кој ја третира мајката на нивните деца.“

„Ѝ посакувам се најдобро, таа ми пружа многу помош и поддршка,“ додава Афлек.

Покрај тоа што признава дека жали за разводот кој беше финализиран во 2018 година, актерот во интервју за „Њујорк тајмс“ признава дека неговиот проблем со пиење траел долго. „Пиев релативно нормално долго време, но почнав да пијам сè повеќе кога бракот се распаѓаше. Тоа беше 2015, 2016 година. Секако, моето пиење создаде повеќе брачни проблеми.“/Makfax