Centar.mk
МОЗАИК

Во Јапонија почина најстариот маж во светот на 112 години

Само една недела пред 113. роденден почина најстариот маж во светот, Јапонецот Читетсу Ватанабе. Ватанабе, кој живееше во пензионерски дом во Нигата, е роден на 5 март 1907 година.

Гинисовата книга на рекорди потврди дека Читетсу Ватанабе (112) од централна Јапонија е најстариот маж на светот.

Тој во изјави за локалните медиуми минатата година рече дека тајната за неговата долговечност е дека нема да дозволи ништо да го натера да се налути и да не ја задржи насмевката на лицето.

По дипломирањето на земјоделското училиште, Ватнабе се преселил во Тајван и таму работел во јапонска фабрика за шеќер. За време на Втората светска војна бил во јапонската армија.
Ватанабе по војната се вратил во родната Нигата и работел како државен службеник сè до пензионирањето.Тој има пет деца, 12 внуци и 16 правнуци и еден прапраправнук./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италијански регион нуди бесплатно сместување десет години

ДЕСК

ПАРИТЕ И СРЕЌАТА ИМ СЕ НАСМЕВНУВААТ – Два хороскопски знаци ги очекува посебна втора половина на ноември

ДЕСК

РЕНОВИРАЛ КУЌА И ОТКРИЛ ИСТОРИСКО БОГАТСТВО – По десет години му следуваат над милион евра

ДЕСК