Centar.mk
БИЗНИС

„Амазон“ највреден светски бренд

Компанијата „Амазон“ е највреден светски бренд во светот. Според истражувањето што го објави веб-страницата howmuch.net, вредноста на компанијата е проценета на 221 милијарди долари.

howmuch.net објави листа со 100 највредни брендови во светот, а при правење на ранг-листата се користени податоци од организацијата Brand Finance.

На второ место со вредност од 160 милијарди долари е „Гугл“, следи „Епл“ со 141 милијарди долари, „Мајкрософт“ со вредност од 117 милијарди долари и „Самсунг“ со 94 милијарди долари.

Потоа следуваат банкарската групација ИЦБЦ, „Фејсбук“, „Волмарт“, „Пинг ан“ и „Хуавеј“.

Највреден европски бренд е „Мерцедес“, кој е на 11. место.

Во истражувањето се истакнува дека вредноста на брендот се разликува од пазарната вредност. Така на пример, компанија со најголема пазарна вредност е саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“, чија пазарна вредност се проценува на 1.800 милијарди долари./Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Нетфликс“ го купува „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

C +

Европската комисија го казни X на Маск со 120 милиони евра

C +

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

C +
error: Соддржината е заштитена.