24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коста Петров: Со СДСМ силно растат вработувањата , за 2.5 години обезбедивме работни места за 60.000 граѓани

-Преку иновативни политики и развојни реформи за само 2,5 години успевме, не само да ја стабилизираме македонската економија, туку и да обезбедиме раст кој овозможува вистински бенефит за сите граѓани, изјави на денешната прес- конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

-Со отворање на 60.000 нови работни места, обезбедивме посигурна иднина на 60.000 граѓани и семејства.

Во моментот имаме најниска стапка на невработеност во историјата на Република Северна Македонија, која изнесува 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна за 13 проценти на 35,3 отсто.

Продолжуваме да создаваме клима за отворање на нови работни места, рече Петров.

Тој додаде дека еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за вработување, кој годинава се очекува да вклучи 12.000 нови невработени лица.

-За Оперативниот план за вработување во 2020 година издвоивме рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Покажавме дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година очекуваме отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации за занимања за кои постојат потреби на пазарот на трудот. Со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.

Ние продолжуваме со силна поддршка за вработување и за отворање на нови работни места, бидејќи намалувањето на невработеноста и добро платени работни места беше и останува наш клучен приоритет, изјави Петров.