Изјава за медиуми, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ – интегрален текст
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ самата призна дека има неплатен долг од огромни 8 милиони евра, направен во изминатите години.
Признанието на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ дека овој долг главно е направен за изборни цели, отвора сериозни сомнежи за незаконско работење.
Ако тоа е точно тогаш се прекршени бројни законски прописи.Впрочем не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да должи пари за избори. Јавноста се сеќава како ВМРО-ДПМНЕ и Груевски затвораа сметки за изборни кампањи со дупки од милиони евра, без никој да понесе одговорност.
Како што ја задолжуваа партијата, стечајниот управник Мицкоски, диригиран од осудениот криминалец Груевски, 11 години ја задолжуваа државата и ги крадеа граѓаните.
За време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државава тројно се зголеми за период од 2006 година до првиот квартал од 2017 година.
Замислете, ако својата партија ја задолжиле 8 милиони евра, што би се случило кога извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски, повторно би се доближиле до државниот буџет?!
Затоа граѓаните тоа нема да го дозволат. На 12 април граѓаните нема да дозволат извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат државата.
На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!
.