24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ниту ЗКП, покрај Законот за ЈО, не ги ограничува истрагите на СЈО

Предметите на СЈО кои се во фаза на истрага, согласно новиот Закон за јавно обвинителство, можат да продолжат. Од продолжението и крајот на истрагата ќе зависи колку обвинителни акти ќе се покренат и дали за некое од делата кои се истражуваат ќе има судски процес. Законот, покрај тоа што овозможува да продолжат сите започнати судски процеси по предметите на СЈО, отвора прилика во игра да се вратат и досиејата кои се фаза поназад – во истрага, пишува Новатв.мк.

Тоа значи дека уште голем број осомничени, пред се функционери и соработници на ВМРО ДПМНЕ, може да се најдат на листата со обвинети. Во предметите кои се истражуваа во СЈО, а кои сега може да се продолжат од истите обвинители, кои се распоредени низ другите обвинителства, има десетина случаи. „Империја“ е еден од поголемите во кој се истражува финансискиот криминал на Орце Камчев, Сашо Мијалков и на уште десетина други вмешани во пирамидата.

Повеќе на Нова тв