24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова жртва од грип во Македонија – драстично порасна бројот на заболени

Педесетгодишен човек почина на Универзитетската клиника за пулмологија од компликации од грип. Тоа е трет смртен случај од компликации од грип по двата во изминатите десет дена кога девојче почина на Клиниката за детски болести, а 85-годишен човек почина на Клиниката за инфективни болести. Ова денеска го истакна д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

– Сите имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот – рече д-р Кузмановска, која посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.