25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска: Овој парламентарен состав започна со насилство и ќе заврши со насилство од ВМРО-ДПМНЕ

Овој парламентарен состав почна со насилство од ВМРО-ДПМНЕ и завршува со насилство од ВМРО-ДПМНЕ. 27 години партијата збореше за евроатлански интеграции, но во последните 2 години направи се за да го спречи нашето членство во НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во однос на Установот име на државата, Република Северна Македонија, министерката Шекеринска вели дека ова за членовите од ВМРО-ДПМНЕ име важи само кога треба да се земат пари од Собранието или државата, но за интеграцијата во ЕУ и НАТО не важи.

-ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да биде опозиција. Се жалат на поткуп во случај кога имаат министер за внатрешни работи. Ова не е сериозна дискусија. Не е во ред да се тера кампања „никогаш северна“. Знаете за ВМРО-ДПМНЕ кога има северна? Кога се бара нешто од Собранието, сите се потпишуваат на Република Северна Македонија, Мизрахи Ѓорчев, Мицкоски. Не може само да важи за личните барања, а за крупните одлуки односно интеграцијата на државата, да не важи, вели Шекеринска.

Потпретседателката на СДСМ вели дека веќе е очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за опозиција со оглед на предизборната кампања која веќе ја водат.

-ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за биде опозиција. Треба да се плашиме од кампања каде оваа партија секој ден ќе си обележува едно алиби за пораз. ВМРО можеше и да предложи нов минситер, да номинира кој сака, после разрешувањетп на Мизрахи можеа да дадат нов предлог, но не го направија тоа, вели Шекеринска.