26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шекеринска во „Топ тема“: Една од двете стратешки цели на државата, членството во НАТО ја реализиравме, можеме да си честитаме,

Една од двете стратешки цели на државата за последните три децении можеме да ја архивираме и да си честитме, со членството во НАТО нашата сигурност сега е гарантирана, сеге сме во чадор кој штити една милијарда луѓе и со овој ветар ви грб одиме кон втpрата цел, членството во ЕУ, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во своето гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Шекеринска порача дека членството во НАТО не ни го подаpи никој, сами го одработивме, и со него создадовме имиџ на држава која дава најави прави планови и ги реализира.

Со ова порачавме дека на нас може да се потпрат, тоа е скап имиџ кој лесно се губи и тешко се печали, но ќе ни помогне во настојувањата за членство во Евроспката унија, истакна Шекеринска.