24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

До четврток сонце, потоа голема промена: Нов влажен бран ќе донесе снег и дожд

Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со пораст на дневната температура. Во среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во четврток се очекуваат врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Прогноза за 18.02.2020
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 13°С до 19°C
Претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 19.02.2020
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претпладне сончево, попладне умерено до значително облачно.

Прогноза за 20.02.2020
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен северен ветер.