Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро

СДСМ успешно креира и реализира економски политики насочени кон јакнење на економскиот потенцијал и подобрување на финансиските перформанси на државата и на граѓаните. Во скратениот мандат од две и пол години, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари. Нашата цел е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари, соопшти СДСМ.

„Просечната плата за само две години порасна за 3.100 денари денари и изнесува 25.757 денари. Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро, како резултат на сите мерки и политики кои ги преземаме во економијата.

Во изминатите 2,5 години покажавме дека можеме и умееме. Економските политики на СДСМ ја извлекоа економијата од минус, БДП порасна за повеќе од пет проценти, односно од минус 1,8%, се искачи на 3,6%.

Отворивме 60.000 нови работни места што е рекорд за толку кратко време и ја намаливме невработеноста на историски најниска стапка од 17.1 отсто.

СДСМ успешно ги реализира економските политики, посветени на враќање на парите кај граѓаните.

Граѓаните тоа го гледаат и затоа по 12 април, продолжуваме по правиот пат“ се додава во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК