5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Димитров: ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на 56-та Минхенска безбедносна конференција, настапи на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“ заедно со шефови на држави и влади од регионот, министри и високи претставници на ЕУ и САД.

„Ако сака да биде позитивна сила, да поттикнува политика на компромис, да стимулира прореформски влади, ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија. Има една формула за успех: потребна ни е добра методологија, чесен пристап кон имплементирање на истата и политичка волја од двете страни. Влогот е огромен“, рече Димитров.

На маргините на конференцијата министерот и денес оствари повеќе билатерални средби и тоа со Жан Аселборн, МНР на Луксембург, Дејвид Харис, Извршен директор на Американско-еврејскиот комитет, Ричард Мур, Генерален директор за политички прашања во британскиот Форин Офис.

Главниот акцент на разговорите беше ставен повторно на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја, во пресрет на клучните моменти за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори.

Димитров учествуваше и на работната вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде и извршниот директор на Google Jigsaw Џеред Коен, на која почесен гостин беше американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК