СДСМ ја поздравува одлуката на пратениците на Собранието за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
Со ова, велат од СДСМ, зашитетен е Уставот, европската перспектива на државата, интересите на граѓаните, правата на стечајците и другите ранливи групи.
„Одговорност мора да понесат сите што го кршат Уставот. Членството во НАТО и ЕУ, иднината на земјата, не смее да биде заложник на извршители кои сакаат да го спречат напредокот и да ја загрозат сигурноста, односите со соседите, членството во НАТО и ЕУ. Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. Техничката Влада има мандат да обезбеди фер и демократски избори и фокусот на сите треба да биде во оваа насока. Нема враќање назад, продолжуваме напред“, велат од СДСМ преку соопштение.