Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска во емисијата 360 степени на Алсат телевизија изјави дека сите политички партии, сите политички субјекти сакаат да има избори на 12-ти април и дека очекува да има избори, но важно според неа, е прво да ја напишеме домашната задача во Собранието и да се изгласаат законите.
„Секако продолжуваме понатаму, за две и пол години ниту една Влада не може да испорача правда, тука се потребни повеќе системски решенија и затоа сега во Собрание бараме да се донесе Законот за јавно обвинителство, кој што е системски поставен за да ни донесе правда во наредниот период. Но, ВМРО ДПМНЕ токму тоа го кочи. Нема политичка партија која вели дека сака избори на 12-ти април, а при тоа работи против интересите на граѓаните, но и спротивно на интересите на државата. Сите оние пратеници кои ќе гласаат за овој закон се застапници на интересите на државата. И сметам дека треба да покажеме како држава, пратениците да покажат дека со гласањето на законот правиме чекор плус кон стабилизација на државата и приклучување кон големото семејство“- изјави Царовска.