Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Митрески: Ајде да ги изгласаме важните закони и веднаш да го распуштиме Собранието!

Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ завчера ги одложуваше комисиите за петок 14 февруари а бара избори на 12 април, порача денеска во Собранието коориднаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, на седницата на чиј дневен ред меѓудругото, е и предлог законот за јавно обвинителство.

Исто така факт е дека вчера ВМРО-ДПМЕ бараше начин како да влезе во ова Собраине, после сите изјави дека го напушта и заминува, истакна Митрески.

А сега кога ви излегуваме во пресрет за тоа, ние сме блокирале или ние не сме сакале да се одржат изборите на 12 април. Јавноста мора да знае дека бараме избори на 12 април, а ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае како ќе помине на тие избори , рече Митрески.

Тој ги повика пратениците да се откажат од говори, за да се изгласаат законите што се на дневен ред и собранието да се распушти денеска.

Ајде да ги изгласаме важните закони и веднаш да го распуштиме Собранието, порача Митрески.

.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови, тврди СДСМ

ДЕСК

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК