25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ одлучи контра Мицкоски: Ќе останеле во Собранието

На синоќешната седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сепак решил пратеничката група да остане во собранието до неговото распуштање

Опозицијата останува во Собранието и покрај вчерашните закани кои дојдоа од лидерот Христијан Мицкоски, дека е можно да ја напушти работата на парламентот поради нераспуштањето на законодавниот дом, како и поради туркањето на законот за јавно обвинителство.

На синоќешната седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сепак решил пратеничката група да остане во собранието до неговото распуштање.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата“, се вели во партиското соопштение.

Ниту портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ не ги дообјасни аргументите зошто вака решило партиското раководство.