Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски вчера зборува едно, денеска друго, нема став за ниту едно прашање, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.
„Очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски не успеа да ги исполни нарачките од Будимпешта и следува одговорност за сите криминали на режимот.
Затоа во ВМРО-ДПМНЕ вчера зборуваат едно, а денес друго, знаат дека ги чека пораз на 12 април, но и одговорност за сите сторени криминали.
Парламентарни избори на 12 април ќе има, а тогаш ќе има и нов пораз на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, нов пораз на извршителот Христијан Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта Никола Груевски.
Ќе има и одговорност за сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа Мицкоски нема да побегне.“ – се вели во реакцијата.