Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јавноста исклучена од судењето на заканувачот Јакимовски, пресудата ќе биде изречена следната недела

Судот по предлог на обвинителката Наташа Сарамандова ја исклучи јавноста од судењето за заканувачот Емил Јакимовски бидејќи информациите што ќе се изнесуваат сè од доменот на интимниот живот на обвинетиот и оштетените.

Судијката Џенета Бегтовиќ откако ја исклучи јавноста, најави дека пресудата треба да се очекува за околу една недела.

Обвинетиот Јакимовски штом влезе во судницата, пред камерите со раката го направи знакот кој означува Oбединета Македонија и кој се користи како симбол за единство меѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија.

Оштетени во спорот се неговата поранешна сопруга Драгана Јакимовска и новинарката Мери Јордановска.

Емил Јакимовски се товари за семејно насилство и загрозување на сигурноста со сериозна закана кон неговата поранешна сопруга и за закани упатени кон новинарката Мери Јордановска./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СТРУГА: Младо момче прободено со нож, братот соопшти дека го оперирале 9 часа

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Нека е за многу години Света Петка

ДЕСК

ФАТЕН СЕРИСКИ ОГРАБУВАЧ НА ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ: Се бара притвор

ДЕСК