Педесетгодишна жена паднала во отворена шахта додека се движела со својот сопруг на улица, во кругот на гробиштата Камник.
Жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
Според информациите од полицијата, настанот се случил вчера, а случајот го пријавил нејзиниот сопруг./Makfax