25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Словенија е искрен пријател на Република Северна Македонија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош, Бујар Османи, и амбасадорот на Република Словенија во земјава, Милан Јазбец, го потпишаа Меморандумот за меѓународен развој и соработка помеѓу владите на двете земји за периодот 2020-2021 година.

На чинот на потпишувањето присуствуваа и претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан, кој е во посета на земјава, како и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.

„Оваа денешна формализација на развојната соработката за следниве две години претставува континуитет на долгогодишната поддршка која Република Словенија ѝ ја дава на Република Северна Македонија, и тоа уште од самиот почеток на процесот на европски интеграции на земјава“ – истакна Османи при потпишувањето, упатувајќи благодарност до Владата и до граѓаните на Република Словенија за континуираната поддршка кон Република Северна Македонија.

„Со денешниот чин на потпишување, Владата на Република Словенија ќе алоцира над два милиони евра, поточно 2.126.000 евра неповратни средства, кои во најголем дел ќе бидат алоцирани за кофинансирање на инфраструктури проекти, и тоа во насока на обезбедување третман и подготовка на вода за пиење во неколку општини. Секако, тука е и техничката поддршката за европските интеграции на земјава, како што е поддршката на граѓанскиот сектор, на институциите задолжени за европските интеграции, со што Словенија, не само политички, туку и преку развојната помош цврсто застанува во поддршка на европската перспектива на земјава“, заклучи Османи