27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски знае да брани криминал а не право, Законот за ЈО е веќе во собраниска процедура

Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски знае да брани криминал а не право, Законот за ЈО е веќе во собраниска процедура, реагираат од СДСМ на изјавата на Илија Димовски од ВМРО- ДПМНЕ.

„Очигледна е нервозата кај извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски затоа што не успеа да го реализира налогот на Никола Груевски.

Толку е очаен, што потегот на извршителот Мицкоски преку обвинетиот Илија Димовски да глуми загриженост покажа дека појма немаат од правни процедури.

За да се спроведе ваков закон мора да има период за соодветна подготовка.

Илија Димовски од Титаник, исто како и извршителот Груевски знае да брани криминал, а не знае право.

Политичката согласност околу содржината на Законот за јавно обвинителство воопшто не е загрозена.

По техничките усогласувања Законот со својата конечна верзија е веќе во собраниска процедура.

Има добра основа да се донесе а СДСМ е на страната на правдата.
Нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите.

Секој што го прекршил законот мора да одговара.“ – се вели во реакцијата.