Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

76-годишна жена повредена во сообраќајна несреќа во Пехчево

Вчера околу 15:00 часот на крстосницата од регионалниот пат Делчево – Берово и ул. Јулија Веселинска во Пехчево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со беровски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(43) од Пехчево и патничко возило „сеат леон“, со беровски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пехчево.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Е.П.(76) од Пехчево, сопатничка во возилото „фолксваген голф“ и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.